Нов удар за британците од Европската Унија. По одлуката за напуштање на ЕУ, комисијата при ЕУ објави дека напуштањето на Велика Британија ќе значи и крај на заедничкото признавање на возачките дозволи. Тоа значи дека по официјализирањето на напуштањето на Европската Унија, возачите од Велика Британија ќе се соочуваат со потешкотии при возењето низ земјите членки на ЕУ.
Во моментов се одвиваат најразлични билатерални средби помеѓу претставници на Велика Британија и ЕУ со цел дефинирање на условите и уредување на меѓусебните односи по напуштањето на Велика Британија на ЕУ. “Нашата цел е да постигнеме договор со ЕУ за меѓусебно признавање на возачките дозволи по Брексит. Еден таков договор е во интерес на двете страни, а ние остануваме уверени дека ќе се постигне таков договор” изјави Портпаролот на Министерството за транспорт.
Во преговорите страната на Велика Британија се повикува на Виенската конвенција за признавање на возачките, но за жал на британците оваа конвенција не е ратификувана од страна на нивната земја. Затоа како една од алтернативите е Женевската конвенција според која возачите од Велика Британија ќе мора да аплицираат за меѓународна дозвола за која мора да платат 5.5 фунти за 12 месеци.