На патеката Ерманос Родригез во Мексико силите ги одмерија новиот електрифициран Jaguar I-Pace и моделот X на Тesla. Новиот I-Pace кој беше премиерно претставен минатата недела успеа да го совлада моделот X со што стана најбрзиот електрифициран автомобил во соодветната класа. Според перформансите на двата автомобили, I-Pace до 100ка забрза за 0,4 секунди побрзо од Model X односно за 4,5 секунди.
I-Pace има одлични предуслови да прерасне во најпопуларем е-автомобил. Одличен дизајн, одлични перформанси, а со 100 kwh батерија со I-Pace ќе поминете речиси 470 км.