Новото Polo со одлични резултати на Еуро НКАП краш тестот. Според извештајот на Еуро НКАП, новото Поло доби пет ѕвезди, а најдобар скор доби во безбедноста на возрасните и тоа 96% што го прави Поло најбезбеден автомобил во однос на овој параметар. Само за илустрација, Volvo V90 во однос на овој параметар има скор од 95%, а исто толку има и Porsche Cayenne, Toyota C-HR, Volvo S90, Subaru XV, a подобар скор во однос на безбедноста на возрасните Polo има и од BMW X3, Jaguar F-Pace, Audi Q5, Honda Civic, BMW серија 5 и многу други возила.
Во однос на безбедноста на децата новото Polo оствари скор од 85% што повторно е еден од најдобрите резултати на Еуро НКАП краш тестовите. Во однос на безбедносната асистенција Поло оствари скор од 59%, а во однос на безбедноста на пешаците 76%.
Генерално земено, со овие перформанси Polo е едно од најбезбедните возила и далеку најбезбедно во својата категорија.