Од претстојниот саем во Женева започнува нов тренд. Имено почнувајќи од Женева, штандовите на авто изложувачите нема да бидат разубавени со добро познатите хостеси. Неколку месеци откако од F1 објавија дека нема повеќе да ги има т.н. grid girls, деновиве популарна е една друга вест според која и хостесите нема повеќе да бидат дел од авто саемите. На претстојниот саем во Женева најголем дел од изложувачите нема да ангажираат хостеси, а први на овој потег се одлучија Nissan и Toyota oд каде соопштуваат дека денеска повеќе смисла има да се користат специјалисти за производот кој на крајот на денот и го продаваат производот т.е. автомобилот.
За разлика од јапонските производители од FCA соопштуваат дека на овој саем ќе останат женските модели, но истите ќе бидат придружени и од машки модели. На ист потег се одлучи и PSA Групацијата додека од Pireli се одлучија да ангажираат модели кои ќе бидат облечени во долги фустани.
Феминистичките групи ширум светот жестоко ги критикуваат авто саеми, а самите организатори и изложувачи ги осудуваат дека ја злоупотребуваат жената. Оттука добрите познавачи на авто индустријата сметаат дека ова е само почеток на крајот и дека веќе следната година организаторите на саемите ќе ги забранат хостесите.