Новата генерација од Volkswagen Touareg е фатен без камувлажа. Долгоочекуваниот SUV на германскиот производител го следи дизајнот на новиот Tiguan и T-Roc, но димензионално е многу поголем. Ја дели МЛБ платформата со Audi Q7, а според неофицијални информации ќе ги користи и новите верзии на 3.0 литарскиот V6 мотор со 282 КС.
Светската премиера на новиот Touareg е закажана на саемот за автомобили во Пекинг, а според неофицијални информации цената на овој нов модел ќе се движи околу 45 илјади евра. Во наредните денови се очекуваат повеќе информации околу овој нов модел по што истите ќе ги објавиме на AutoKlub.mk