Верувале или не, Националниот музеј за автомобили на Андора (Museo nacional del Automóvil) ги содржи највредните примероци од светот на автомобилите. Во овој музеј се наоѓаат автомобили од 1885 година па се до крајот на минатиот век, а поставката содржи околу 50 автомобили, повеќето од француско производство. Taка тука можете да најдете Vespa ACMA од 1955 година, Citroen DS21, Mors SSS од 1923, Ford A од 1930 и многу други автомобили.