More
    HomeВестиНовитетиФОТО: Ова е новата Toyota Auris

    ФОТО: Ова е новата Toyota Auris

    Објавено на

    Покрај концептот Supra и редизајнот на Aygo, Тојота на претстојниот саем во Женева ќе ја претстави и новата Auris. Третата генерација на Auris екстериерно нема да биде многу поразлична од претходната и ќе се задржи постоечката филозофија на дизајн која се практикува и кај веќе постоечките модели како што се Avensis и Corolla. И новата Auris се базира на веќе докажаната TNGA платформа која во моментов ја користат C-HR и Prius.

    Покрај одличниот екстериер, Toyota приготвува и одличен ентериер кој се очекува да биде за малку поголем од втората генерација, а воедно и висока безбедност која никогаш не била спорна кога се во прашање јапонските возила.

    Она што друго доаѓа ново со новата генерација е и новиот 2.0 литарски бензински мотор кој овозможува поголема економичност и помала концентрација на издувни гасови. Овој мотор ќе биде достапен и во Европа заедно со 1.2 литарскиот турбо бензински мотор кој ќе го замени досегашниот 1.33 литарски мотор, а достапни ќе бидат и 1.8 и 2.0 хибридната варијанта.

    Цената и датумот на продажба сеуште не се познати, а она што се знае е дека ќе се произведува во Јапонија и Велика Британија.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ