Иако М8 Gran Coupe ги освои симпатиите на првиот ден од саемот на Женева за медиуми, сепак на штандот на BMW се наоѓа уште еден ѕвер. Станува збор за BMW M2 Coupe кој на овој саем е претставен во Black Shadow едицијата.
Со оваа едиција германскиот производител ги одбележува 12те илјади примероци продадени минатата година. Sapphire Black металик боја, мат црни фелни, црни “бубрези”, Carbon заден дифузер и уште многу елементи во црна боја го красат ова специјално издание на M2. Под хаубата се крие шестцилиндричен мотор со 370 КС достапен со шестстепен и седумстепен менувач кој до 100ка забрзува за 4.3 секунди.
Оваа специјална едиција ќе биде произведена во ограничен број на примероци кои во продажба ќе бидат достапни од крајот на следниот месец. Во наредните денови се очекува и официјално да биде претставена и цената на овој модел.





