‘Very Black’ или ‘Nerissimo’ е едицијата која Maserati ќе ја претстави на саемот за автомобили во Женева. Во рамките на оваа едиција сепак нема да биде презентиран ниту еден нов модел туку италијанскиот производител ќе ја претстави ‘Црната’ едиција на постоечките модели: Ghibli, Quattroporte и Levante. Како што кажува и самиот назив кај моделите екстериерно ќе доминира црната боја која вклучува црни фелни, црни прагови и затемнети стакла.
Maserati на претстојниот саем се очекува да ги презентира и електрифицираните модели од постоечката гама што ќе увертира на планот на Маркијоне според кој од 2019 година сите модели на Maserati ќе добијат електрифицирана верзија.
Инаку на жалост на љубителите на италијанските автомобили концептот Alfieri кој беше презентиран во 2014 година ќе го причека своето сериско производство и нема да се појави оваа година како што претходно се тврдеше. Всушност сериското производство е под знак прашање, а дали воопшто ќе се произведува ќе биде познато во јуни годинава кога FCA ќе го презентира новиот четиригодишен стратегиски план.