Експанзијата на Volkswagen групацијата продолжува. По новите VW T-Roc, VW Touareg и Seat Terraco, Volkswagen под значката на Skoda ја воведува новата Skoda Vision X. Овој SUV замислен како најмал брат на Karoq и Kodiaq премиерно ќе биде презентиран на претстојниот саем во Женева, а пред официјалната презентација се појавија и првите (не)официјални фотографии.
Според достапните податоци, новиот СУВ на Шкода ќе се заснова на MQB платформата која ја користат Seat Arona и Volkswagen T-Roc, а Vision X ќе биде подолг и од T-Roc и од Arona и неговата должина ќе изнесува 4234 mm. Сепак гледано димензионално Vision X ќе биде висок 1500 mm што е помалку во однос на претходно споменатите модели за 300 mm. Меѓуоскиното растојание според достапните информации ќе изнесува 2645 mm.
Засега нема официјални информации околу цената и датумот на официјална продажба. Она што се шпекулира е дека цената ќе започнува од 15 илјади евра колку што изнесува и цената за основниот модел на Arona, а во продажба ќе се појави третиот квартал годинава.