На саемот во Женева хрватскиот старт-ап Rimac ќе го претстави концептот два (Concept Two). Деновиве на интернет се појави тизер кој го открива дизајнот на Concept Two, но кој најавува и супер моќна машина од 1.914 КС што е за речиси 850 КС повеќе од Concept One. Oвој концепт благодарение на супер моќниот мотор до 100ка ќе забрзува за само 1.9 секунди што е подоба резултат од на пример Bugatti Chiron. Според достапните информации овој концепт ќе биде произведен во само 100 примероци, а секој од нив ќе чини неверојатни 1.25 милиони американски долари, а доколку планирате да бидете идниот сопственик на овој автомобил, време е да почнете да штедите!