More
    HomeВестиУлтра агресивниот концепт M8 Gran Coupe претставен во Женева (ФОТО+ВИДЕО)

    Ултра агресивниот концепт M8 Gran Coupe претставен во Женева (ФОТО+ВИДЕО)

    Објавено на

    Долгоочекуваниот концепт кој BMW го најавуваше подолго време конечно е претставен на саемот во Женева. Иако саемот за автомобили започнува на 8 март, сепак од денеска медиумите имаат пристап во халите во Женева. Секако она што прво им падна во очи е токму овој ултра агресивен концепт именуван како M8 Gran Coupe. Луксузен, спортски, со четири врати, накратко тоа е описот на концептот чиј сериски модел ќе биде претставен следната година.

    Со M8 BMW врти нова страница во дизајнот. Тоа го потврдува и Адријан ван Хојдонк, директорот за дизајн на германскиот производител кој потенцираше дека овој концепт е чекор напред во дизајнерскиот “јазик” на BMW. “Можам да кажам дека автомобилот ќе биде многу гладен на патиштата” изјави Хојдонк потенцирајќи ја комбинацијата на моќност изразена преку спортските линии како и луксузот со кој плени.

    Сериската верзија се очекува да има 4.4 литарски битурбо V8 мотор со нешто повеќе од 600КС и осмостепен ZF автоматски менувач, Launch Control и M xDrive погон на сите четири тркала.

    Во наредните денови се очекува од BMW да откријат повеќе информации околу овој концепт за кој мораме да признаеме дека со нетрпение и ние го очекуваме.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...

    И за Rolls-Royce нема криза – зголемена продажбата во 2022 година

    Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ