Дефинитивно еден од најбогатите и најпривлечните штандови на претстојниот саем на автомобили во Женева е оној на јужнокорејскиот производител Hyundai. Засега на штандот на Hyundai се наоѓаат новата Kona која ќе биде претставена и во електрифицирана изведба, новата генерација на Santa Fe, новио Nexo, но и концептот Le Fil Rouge. Овој концепт има за цел да го прикаже идниот правец на развој на Hyundai кој го изразува луксузот, оригиналноста и минимализмот во екстериерот.
Засега овој концепт не е предвидено во блиска иднина да влезе во сериско производство.