More
    HomeВестиНовитетиИако Lancia е пред изумирање, во Женева претставен новиот Stratos

    Иако Lancia е пред изумирање, во Женева претставен новиот Stratos

    Објавено на

    Иако Lancia е пред изумирање, во Женева денеска пред медиумите беше претставена легендарната Lancia Stratos која по 40 години повторно се враќа во производство. Една од најлегендарните спортски автомобили од Италија официјално за пошироката јавност ќе биде претставена во четврток кога се отвараат вратите во Женева за широката јавност. По неуспешниот камбек во 2010 година сега повеќе од сигурно е дека новата Stratos која всушност се базира на концептот од 2010 година ќе влезе во производство.

    Новата Stratos во најголем дел ќе биде составена од компонентите на Ferrari вклучувајќи го и 4.3 литарскиот V8 мотор кој произведува 540 КС. Со овие перформанси и тежина од 1,247 кг, Stratos 100ка ќе достигне за 3,3 секунди, а максималната брзина која ќе може да ја достигне изнесува 320 км/ч.

    Сепак треба да се напомене дека во реализацијата на овој проект не учествува директно Lancia. Производството на новата Stratos ќе биде под палката на Manifattura Automobili Torino (MAT) како и Brose Group. Мајкл Стошек кој е задолжен за овој проект најави дека ќе бидат произведени само 25 модели, а цената за еден автомобил изнесува 500 илјади евра.

    СЕ ЗАПОЧНА ВО 1973 ГОДИНА

    Приказната за Stratos започна во 1972 година. Тогаш, за прв пат дизајнерската куќа од Торино, Бертоне, влезе во “љубов” со Lancia. Претходно, традиционално, автомобилите на Lancia беа дизајнирани од Pininfarina. Барајќи наследник за Fulvia, Marcello Gandini од Bertone создаде неверојатно спортски автомобил кој во производство влезе наредната 1973 година. Со 2.4 cc и 190 КС, Stratos прерасна во вистински спортски автомобил, епитет кој го доби по двете победи на WRC шампионатите каде подоцна Lancia ја продолжи доминацијата со Delta HF.

    Oд оваа прва (и засега единствена) генерација, во периодот од 1973 до 1978 година беа произведени и продадени само 492 примероци. 

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...

    И за Rolls-Royce нема криза – зголемена продажбата во 2022 година

    Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...