More
    HomeВестиОд денеска започнува саемот во Женева

    Од денеска започнува саемот во Женева

    Објавено на

    Иако веќе два дена е отворен за медиумите сепак од денеска и официјално започнува 88. интернационален саем за автомобили во Женева. Во наредните 10 дена не очекуваат бројни премиери како светски така и европски, бројни новитети претставени од 180те изложувачи. За сите кои сакаат да го посетат саемот ќе треба да издвојат 16 швајцарски франци колку што изнесува цената на влезницата, а изложбените хали ќе бидат отворени секој ден од 10 до 20 часот освен за викенди кога посетителите ќе може да ги посетат изложбените хали само во периодот од 09 часот до 19 часот.

    На овој саем Audi ќе дебитира со 5та генерација на A6 и Avant верзијата. Овој модел ќе наликува на новата A8, со пооштри линии кои го истакнуваат спортскиот карактер, а воедно и луксузот. Bentley пал ќе ја прикаже хибридната верзија на Bentayaga кој ја презема хибридната технологија од Porsche Cayenne S E-Hybrid.

    Bentley Bentayga V8 petrol announced - front

    BMW ќе настапи со новата BMW X3 која ја претстави минатата година, а премиерно ќе ја презентира втората генерација од X4. Исто така германскиот производител премиерно ќе ја претстави М8 Gran Coupe како и специјалната едиција М2 Coupe Black Shadow.

    Францускиот производител Citroen ќе настапи со новото Berlingo кое во продажба ќе се најде во втората половина од годината како и стилизираниот C3 Aircross. Другиот производител од групацијата PSA, Peugeot во Женева премиерно ќе ја претстави новата 508, а покрај овој модел ќе биде претставена целосната постоечка гама на автомобили со акцент на SUV моделите 5008 и 2008. Тука ќе биде претставен и моделот Rifter како и модели од постоечката гама.  По големата експанзија на нови модели кои минатата година беа претставени, оваа година Opel нема да претстави ниту еден нов новитет па земајќи го во предвид овој факт и тоа што веќе подолго време оваа дивизја на PSA е во финансиски проблеми, раководството донесе одлука да не настапи на овогодинешниот саем за авотмобили во Женева.

    Во центарот на вниманието на штандот на Toyota ќе биде новата Supra. Supra ќе биде достапна во четири различни варијанти и тоа: основен модел, Supra GR, Supra GR Sport и Supra GRMN која ќе биде најмоќната варијанта од сите четири. Сепак новата Supra ќе се продава под беџот на Gazoo (Toyota Gazoo Racing WRT е WRC тим од Финска). Јапонскиот производител ќе настапи и со петтата генерација на Auris која ќе биде достапна и во две хибридни изданија.

    На штандот на FCA нема да не очекуваат многу новитети. Fiat најверојатно ќе ја претстави спортската верзија на хечбекот Tipo, а на штандот ќе се најде и редизајнираниот 500L. Alfa Romeo нема да прикаже новитет, а на штандот ќе се најдат постоечките модели Stelvio и Giulia во т.н. Nring едиција. Lancia пак, ќе ја претстави новата Stratos која всушност е дел на Манифаттура Аутомобили Торини (МАТ) и Brose Group.

    Maserati исто така нема да има премиера, но ќе ги претстави постоечките модели во т.н. Nerissimo издание. Единствено од групацијата FCA со премиера ќе настапи Jeep кој ќе го претстави новиот Wrangler.

    И Ferrari нема да презентира ништо ново. На штандот се очекува а се најдат моделите 488 и Portofino.

    Во центарот на внимание кај Hyundai ќе биде новата генерација на Santa Fe како и електричната изведба на новата Kona. Тука ќе биде претставен и концептот Le Fil Rouge како и Nexo. Kia, останатиот бренд на Hyundai групацијата премиерно ќе го претстави новиот Ceed, а ќе ја промовира и спортскта верзија на Rio.

    Jaguar на овој саем ќе ја претстави електричната верзија на I-Pace чија цена се очекува да изнесува околу 55 илјади евра. Тука секако ќе бидат и F-Pace и E-Pace.

    Голема инвазија се очекува од Mercedes. Иако пред неколку недели ја претставија на јавноста новата A класа, саемот во Женева ќе биде првиот саем каде овој модел ќе биде достапен за пошироката јавност. На овој саем ќе биде претставена и новата C класа како и AMG GT и новиот Maybach S класа.

    Интересно ќе биде и кај брендовите од Volkswagen групацијата. Најпрво ќе следи премиерата на Porsche 911 GT3 RS додека шпанскиот бренд Seat покрај Cupra изведбата на Ateca се очекува да биде премиерно претставен и новиот SUV. Чешка Skoda ќе настапи со новата Fabia, а премиерно ќе ја прикаже и Vision X.

    Volkswagen пак се очекува да го прикаже концептот на минибус ID Buzz.

    Renault на овој саем ќе ја претстави новата електрична изведба на мини автомобилот Zoe.

    Mitsubishi на овој саем ќе го претстави новиот SUV, Eclipse Cross како и редизајнираниот Outlander PHEV.

    Интересно се очекува да биде и кај Honda. Јапонскиот прозиводител ќе го прикаже новиот CR-V, а тука ќе биде и концептот Urban EV.

    Honda Urban EV

    Сепак ова се само дел од автомобилите кои ќе бидат презентирани. Вие останете да не читате, а ние ќе ви ги донесеме сите новости од Женева.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...

    И за Rolls-Royce нема криза – зголемена продажбата во 2022 година

    Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...