Африканците се навистина луди по Toyota. Тоа може да се заклучи од мапата во продолжение каде се прикажани најгугланите т.е. најпребаруваните автомобилски брендови на “Црниот континент”. Од мапата можеме да заклучиме дека Toyota е убедливо најпребаруваниот бренд, а зад јапонскиот производител се наоѓаат Mercedes кој е најпопуларен во Северозападниот дел на Африка како и BMW кој е популарен во Либија, Египет, Мадагаскар, Зимбабве и уште неколку африкански земји.
ИЗВОР: topspeed.com