Долгоочекуваната Skoda Fabia фејслифт конечно ја дочека светската премиера. Женева е локацијата каде чешкиот производител се реши да ја претстави новата Fabia која има мали екстериерни измени. Предната маска бележи благи промени исто како и предните светла кои добиваат LED светилки. Останатите екстериерни елементи остануваат непроменети.
Во внатрешноста инфотајмент системот “Swing” сега нуди 6.5 инчен дисплеј и доаѓа со Skoda Connect, а благодарение на иновативниот SmartLink+ сега можете да уживате во сите бенефити што ги нуди Apple CarPlay, Android Auto, MirrorLink и SmartGate.
Според информациите кои ги обелодени чешкиот производител минатиот месец подновената Fabia ќе биде достапна во хечбек и караван верзија, а во понуда ќе се најдат MPI и TSI моторите, а во продажба ќе се најде кон средината на оваа година.