Најновиот модел на Kia, Stinger со одлични резултати на Еуро НКАП краш тестот. Според извештајот на Еуро НКАП, новиот Stinger со стандардна безбедносна опрема доби пет ѕвезди, а најдобар скор доби во безбедноста на возачот и тоа 93% што го прави Stinger најбезбеден автомобил на Kia во однос на овој параметар.
Во однос на безбедноста на децата Stinger оствари скор од 81% што повторно е сосема солиден резултат на Еуро НКАП краш тестовите. Во однос на безбедносната асистенција овој автомобил оствари скор од 82%, а во однос на безбедноста на пешаците 78%.
Генерално земено, со овие перформанси Stinger е едно од побезбедните возила.