More
    HomeВестиHonda Urban EV влегува во производство, нарачки од почетокот на 2019

    Honda Urban EV влегува во производство, нарачки од почетокот на 2019

    Објавено на

    Дефинитивно најпривлечен автомобил на штандот на Honda во Женева е концептот EV. Иако овој автомобил дебитираше на минатогодишниот саем во Франкфурт, сепак и во Женева предизвикува воздишки. Модерен, со ретро дизајн, овој електричен автомобил ги има сите предуслови како за автомобил на годината така и за најпродавано возило, барем во конкуренција на постоечките Honda автомобили.

    Авто критичарите беа песимистички настроени во поглед на можноста ова возило да влезе во сериско производство. Сепак, на задоволство на фановите на Honda и љубителите на автомобилите, јапонскиот производител објави дека овој модел на пазарите ширум светот ќе се појави во втората половина следната година, но дека ќе може да се нарача уште од почетокот на следната година. Оваа добра вест ја потврди Филип Рос, вториот човек во Honda Motor Europe кој изјави дека благодарение на добро прифатениот концепт, сериската изведба ќе биде официјално претставена во Европа кон крајот на 2019 година, а нарачките Honda ќе почне да ги прима уште на почетокот на 2019 година.

    Она што е досега познато е тоа дека EV ќе има пет седишта со повеќе конвенционална кабина и LED светилки. Повеќе технички детали како и детали поврзани со цената се очекува кон крајот на оваа година.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ