More
    HomeВестиПретставуваме: Ауди на саемот во Женева

    Претставуваме: Ауди на саемот во Женева

    Објавено на

    Несомнено, еден од најпривлечните штандови на саемот во Женева е оној на Audi. Германскиот производител и на овој саем се обиде да го претстави најдоброто од својата “гаража” и секако тоа остави без зборови бројни посетители и приврзаници на Audi. Традиционално, Audi и на овој саем покрај неколкуте модификации претстави и концепт автомобил. Така овој саем тоа е Audi e-tron целосно електрифициран SUV со брзополнечка 150 киловатен систем кој за само 30 минути може да биде за 80% надополнет, а ваквата спецификација овозможува со само едно полнење да поминете 400 km. Иако долго се најавува, овој концепт во сериско производство се очекува да влезе во првата половина следната година и ќе биде директен конкурент на Jaguar I-Pace, Tesla Model X и Mercedes Benz EQC. Под хаубата ќе се наоѓа моќен агрегат кој ќе продуцира 430 КС.

    e-tron Prototype

    e-tron Prototype

    Новата дизајнерска филозофија на Audi во целост е инкорпорирана во А7та која исто така го краси штандот на Audi. Втората генерација на A7 веќе се наоѓа во продажба и засега сосема успешно парира на Mercedes CLS, a со овој Sportback quattro се очекува Audi да заземе поголем дел од колачот на пазарот.

    A7 Sportback

    A7 Sportback

    Барем за нас, најпривлечен автомобил на штандот на Audi е R8 RWS. Ова спортско купе под хаубата “крие” моќен 5.2 литарски V10 мотор кој продуцира 540 КС, а до 100ка забрзува за само 3.7 секунди. Цената на ова “чудовиште” се движи околу 300 илјади евра.

    R8 RWS

    R8 RWS

    Светска премиера на овој саем имаше осмата генерација на Audi A6. Поширок за 1,27 cm и подолг за 0,76 cm од претходната генерација, новата генерација на A6 делува многу полуксузно и поспортски од својот претходник. Предниот дел во голема мера потсетува на А7, а во целост новата A6 може да се каже дека е помало пакување на A8.

    Внатрешноста потсетува на A7 со 10.1″ екран на допир централно поставен кој овозможува бројни мултимедијални перформанси и интегрираност со други уреди, а веднаш под овој екран се нааоѓа 8.6″ кој служи како контролор за клима уредот во автомобилот. Со тоа целосниот кокпит е виртуелен односно сите команди може да ги зададете само со допир или со гласовни команди. Останатите детали во внатрешноста само ја отсликуваат луксузноста на ентериерот кој во целост ја следи надворешната филозофија на луксуз и спортски карактер.

    A6 Limousine

    A6 Limousine

    ФОТО: www.gims.swiss

     

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...