Најголемиот саем за автомобили и мотоцикли во регионот, саемот во Белград започнува на 22 март годинава и ќе трае се до 28 март. Шестиот саем за автомобили “DDOR BG Car Show” и 12от саем за мотоцикли “Motopassion” традиционално ќе се одржи на Белградскиот саем.
Според информациите на организаторите на овогодинешното издание ќе се претстават 350 компании од 20 земји кои ќе претстават повеќе од 50 автомобилски и 40 мото брендови, а при тоа ќе бидат презентирани последните модели на автомобилските брендови.
Работното време на саемот е од 10 до 20 часот, а цената на една влезница изнесува 150 денари.
Инаку покрај саемот во Белград други саеми за автомобили што се одржуваат во регионот се оние во Загреб, Софија и Солун. За жал во Македонија веќе подолго време не се одржува овој саем кој во минатото предизвикуваше голем интерес.