Покрај новиот Mustang и подновената Ka+, на штандот на Ford се најде и Edge кој доаѓа со благи естетски промени. Она што е ново, а што е поврзано со овој модел е тоа што доаѓа со ST додавката која е главен виновник за новиот V6 мотор со 335 КС. Исто така од Форд потврдија дека Edge на пазарот ќе биде понуден со 2.0 четири цилиндарски дизелски агрегат со 235 КС. Овој модел ќе ја носи додавката EcoBlue и ќе биде проеколошки настроен што значи дека го исполнува Еуро 6 стандардот.
Подновениот Edge доаѓа со SYNC 3 инфотајмент системот кој овозможува компактибилност со Android и Apple уредите. Исто така во внатрешноста ќе има и помали измени па така воведени се алуминиумските педали, а овозможена е поголема персонализација во поглед на внатрешнста и генерално нвото на опременост. Во продажба новиот Edge се очекува да се појави на почетокот на октомври годинава.