На 51 годишна возраст почина Ралф Валдман, еден од најдобрите мото тркачи кон крајот на 90тите години. Валдман се прослави во класата од 125 ccm и 250 ccm, a vо својата богата тркачка кариера, Валдман забележа четири победи во класата од 125 ccm и 14 победи во класа до 250 ccm. Сепак најдобри резултати постигна во класата од 250 ccm каде на два пати заврши на втората позиција и тоа најпрво за само шест поени зад победникот во 1996 година, а потоа за само два поени зад победникот и тоа година подоцна односно во 1997 година.
Ќе остане запаметен по неговата изјава “Разликата помеѓу херој и идиот е многу мала” која ја даде по неверојатната трка на британското ГП во 2000 година кога ја освои првата позиција. Оваа трка ќе остане засекогаш во аналите на историјата откако Валдман ја стартуваше трката од 21. позиција за на крај, во последниот круг успее да го претекне првопласираниот и да го освои првото место.
Re-watch the truly EPIC 250 race from the 2000 #BritishGP and that unforgettable win by Ralf Waldmann!
WHAT A RIDE! 🔥🏁#RIPWaldi pic.twitter.com/TbSVVGXgD9
— MotoGP™🇶🇦🏁 (@MotoGP) March 12, 2018