Ретро автомобил за оваа недела е Mercury Cougar. Oвој автомобил на Mercury за прв пат влезе во производство во 1967 година, но без посериозен успех се произведувал се до 1970 година. Овој автомобил се базирал на истата платформа како и првата генерација на Mustang, но бил за неколку сантиметри подолг додека пак внатрешноста била инспирирана од Jaguar E-Type. Ова значи дека Cougar бил спој на спортски карактер со луксуз.
За купувачите овој автомобил бил достапен во две изведби: првата со 4,7 литарски агргат кој постигнувал 200 КС додека вториот со 335 КС кој располагал со 6,4 литарски V8 мотор. Cougar бил развиен на основата на Mustang кој бил многу популарен автомобил тој период, па оттука од Ford сметале дека со “пресликување” на платформата на Cougar ќе може да го повтори успехот на Mustang. Во периодот од 1967 до 1970 година до кога и се продавал, биле продадени 437.025 возила.
По овој модел се појавија уште седум генерации на Cougar, а последната се појави во 1999 година и на пазарот се задржа се до 2002 година.