Себастија Ожие го освои првото место на WRC трката која викендов се возеше во Мексико. Французинот стигна до втората победа сезонава пред шпанецот Сордо кој заврши на втората позиција и Мик кој со својот Ситроен заврши на третата позиција. Ожие трката ја заврши со време 3:54:08.0. Ожие иако не стартуваше најдобро првиот ден, сепак до победата стигна благодарение на одличното возење вториот ден кога победи на четири од деветте стази со што го одзема водството на Себастијан Лоеб.
Во останатите категории т.е. во WRC2 супериорен со својата Шкода R5 беше Понтус Тидеманд кој првата позиција ја освои пред Јари Хутунен и Кале Рованпера, двајцата од Финска.
Следната трка во WRC шампионатот се вози на 5 април кога на програмата е закажана трката на Корзика.
🇲🇽 🌵 🎉 the #WRC #RallyMexico weekend was amazing – thanks #WRCLive @RallyMexico 🙌 pic.twitter.com/yp1JdegsUw
— WRC (@OfficialWRC) March 12, 2018