Вчера заврши изборот за најдобра Алфа во Македонија. Во организација на AutoKlub.mk во изминатиот период поточно од 11.02.2018 година па се до денес сопствениците на Alfa Romeo имаа можност да ни ги испратат фотографиите од нивните миленици, а потоа на јавно гласање на Фејсбук профилот на AutoKlub да се избере најдобрата и најубавата Алфа во Македонија.
Првите три места добиваат соодветни награди кои беа објавени во јавниот повик, а ја користиме приликата дека да ве известиме дека иако ова е прв избор нема да биде последен. И во блиска иднина ќе организираме избор за најдобра Алфа, многу помасовен и со многу повредни награди.
3. ПОЗИЦИЈА >>> Игор Андреевски – Alfa Romeo GTV (2004)
2. ПОЗИЦИЈА >>> Виктор Стојчевски – Alfa Romeo 147 1.6 16v Twin Spark 120hp (2001)
- ПОЗИЦИЈА >>> Стефан Стојановски – Alfa Romeo Brera (2008)