И Ferrari го следи трендот на еко автомобили. Шефот во заминување Серџо Маркијоне изјави дека во следната година производителот од Маринело ќе лансира автомобил на хибриден погон. Во моментов моделот на овој погон Ferrari V8 (не е познат моделот) ги поминал сите тестови и дека се е спремно за негово лансирање на пазарот каде изминатата година се појавија доста електрифицирани модели како и модели на хибриден погон.
Се шпекулира дека првиот хибриден погон ќе биде вграден во првиот Ferrari SUV кој е долго најавуван, а ќе се појави во текот на следната година како конкурент на Lamborghini Urus.