More
    HomeВестиFord на саемот за автомобили во Женева

    Ford на саемот за автомобили во Женева

    Објавено на

    На саемот во Женева Ford настапи со неколку 

    Вистинска ѕвезда не само на штандот на Форд туку воопшто на саемот во Женева е Mustang Bullitt кој на овој саем дебитира на европско тло. Овој модел е воведен во чест на 50 годишнината од Bullitt филмот во кој главната улога ја имаше Стив МекКвин кој пак возеше токму Mustang. Под хаубата на овој ѕвер се наоѓа 4.6 литарски V8 мотор кој до 100ка развива за 5.6 секунди.

    Ford Bullitt Mustang GT - Geneva front

    Ford Bullitt Mustang GT - front action

    На штандот на Ford се најде и Edge кој доаѓа со благи естетски промени. Она што е ново, а што е поврзано со овој модел е тоа што доаѓа со ST додавката која е главен виновник за новиот V6 мотор со 335 КС. Исто така од Форд потврдија дека Edge на пазарот ќе биде понуден со 2.0 четири цилиндарски дизелски агрегат со 235 КС. Овој модел ќе ја носи додавката EcoBlue и ќе биде проеколошки настроен што значи дека го исполнува Еуро 6 стандардот. 

    Подновениот Edge доаѓа со SYNC 3 инфотајмент системот кој овозможува компактибилност со Android и Apple уредите. Исто така во внатрешноста ќе има и помали измени па така воведени се алуминиумските педали, а овозможена е поголема персонализација во поглед на внатрешнста и генерално нвото на опременост. Во продажба новиот Edge се очекува да се појави на почетокот на октомври годинава.

    Edge ST-Line

    Edge ST-Line

    Покрај Edge, Форд на овој саем ја претстави и подновената верзија на Ka+, малиот градски SUV кој треба да им парира на Kia Picanto X-Line и Opel Mokka. Ka+ Active сега порасна за 23мм во висина додека останатите димензии (ширина и должина) остануваат исти. Како и Edge и Ka+ Active ќе биде достапен со новиот SYNC 3 инфотајмент.

    KA+

    KA+

     

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...

    И за Rolls-Royce нема криза – зголемена продажбата во 2022 година

    Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...