More
    HomeВестиХрватите лути на Rimac

    Хрватите лути на Rimac

    Објавено на

    Иако за многу кратко стана гордост на Хрватска, сепак овие денови Мате Римац, основачот и сопственик на Rimac Automobili се најде на мета на критики на јавноста во Хрватска. За тоа има две причини. Прва вест која ги налути хрватите беше веста дека на саемот во Загреб нема да биде претставен најновиот концепт на Rimac, Concept Two кој премиерно беше претставен на саемот во Женева. Оваа вест особено ги налути љубителите на автомобилите во Хрватска кој се надеваа дека ќе имаат можност да го погледнат овој концепт во живо. Сепак од компанијата на Римац се одлучија за ваков чекор без при тоа да соопштат која е причината за овој потег.

    Другата причина е последната вест поврзана со изградбата на фабрика за електрични мотори и батерии во Кина. Иако претходно самиот Мате Римац најавуваше дека се што ќе биде вградено во неговите автомобили ќе се произведува во Хрватска, сега истиот тој се демантира со тоа што потпиша договор со кинеската компанија Camel која ќе инвестира 30 милиони евра во новата фабрика. Во истата Rimac Automobili ќе учествува со само 5 милиони евра како и со сопственото know-how, а за возврат ќе добие удел од 40%.

    Останува да се види дали сограѓаните на Мате Римац во наредниот период целосно ќе му го свртат грбот или пак ќе имаат шанса за помирување.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ