На 28 март започнува саемот за автомобили во Њујорк кој е вториот по големина по оној во Детроит. Иако автопроизводителите шансата за премиера на своите нови автомобили ја имаат во Женева, сепак дел од своите новитети ги чуваат за саемот во Њујорк кој од година во година е се повеќе и повеќе популарен. Иако Toyota во Женева премиерно ја претстави новата Supra која е создадена во соработка со BMW како и новата Auris, сепак во Њујорк ќе ја претстави новата генерација на RAV4.
Оваа информација ја потврдија од јапонскиот производител кој најавија дека најпопуларниот SUV модел во историјата ќе дојде со изменет екстериер како и ентериер, а целиот модел се темели на новата TNGA модуларна платформа која е искористена и кај Auris.
Засега не е познато со кој се мотори ќе биде понуден новиот RAV4 како и почетната цена. Се очекува овие информации да бидат познати по саемот во Њујорк.