More
    HomeВестиЕве што се претстави Toyota на саемот во Женева

    Еве што се претстави Toyota на саемот во Женева

    Објавено на

    Еден од најпривлечните штандови на саемот во Женева е оној на Toyota. Најголема причина за тоа е новата Toyota Supra која на сцената се враќа по 16 години. Новата Supra е креирана во соработка со BMW, и како и сите претходни генерации така и оваа го истакнува спортскиот карактер, а истовремено и јапонската филозофија на дизајн. Овој, засега концепт ќе биде достапен во четири различни варијанти и тоа: основен модел, Supra GR, Supra GR Sport и Supra GRMN која ќе биде најмоќната варијанта од сите четири. 

    Сепак новата Supra ќе се продава под беџот на Gazoo (Toyota Gazoo Racing WRT е WRC тим од Финска), а според неофицијалните информации истата ќе биде произведена во ограничена бројка. Во однос на цената и точниот датум на производство нема сеуште никакви информации.

    GR Supra Racing Concept

    GR Supra Racing Concept

    На овој саем е претставен и најмалиот автомобил во гамата на јапонскиот производител – Aygo. Редизајнираното Aygo доаѓа со мала екстериерна измена, со подобрени перформанси вклучувајќи ја и динамиката, а добива и нови LED светла.

    AYGO

    AYGO

    Покрај концептот Supra и редизајнот на Aygo, Тојота на претстојниот саем во Женева ја претстави и новата Auris. Третата генерација на Auris екстериерно нема да биде многу поразлична од претходната и ќе се задржи постоечката филозофија на дизајн која се практикува и кај веќе постоечките модели како што се Avensis и Corolla. И новата Auris се базира на веќе докажаната TNGA платформа која во моментов ја користат C-HR и Prius.

    Покрај одличниот екстериер, Toyota приготвува и одличен ентериер кој е за малку поголем од втората генерација, а воедно и висока безбедност која никогаш не била спорна кога се во прашање јапонските возила.

    Она што друго доаѓа ново со новата генерација е и новиот 2.0 литарски бензински мотор кој овозможува поголема економичност и помала концентрација на издувни гасови. Овој мотор ќе биде достапен и во Европа заедно со 1.2 литарскиот турбо бензински мотор кој ќе го замени досегашниот 1.33 литарски мотор, а достапни ќе бидат и 1.8 и 2.0 хибридната варијанта.

    Цената и датумот на продажба сеуште не се познати, а она што се знае е дека ќе се произведува во Јапонија и Велика Британија. 

    Auris

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...