Во хангарот број 7 на аеродромот во Салзбург вчера KTM тимот го претстави моторот и тимот за претстојната сезона во Moto GP шампионатот. Овој тим своето деби го имаше минатата година кога заврши на 5. позиција, а во новата сезона влегуваат со цел да завршат во топ 10. “Сакаме да започнеме од онаму каде што и завршивме минатата година. Ќе се бориме за топ 10те позиции, но каде ќе завршиме не знаеме” изјави Пол Еспараго еден од возачите во KTM.
Инаку и оваа сезона за KTM ќе возат истите како и минатата сезона и тоа Пол Еспаргаро и Бредли Смит, а на нив се приклучува и Мика Калио во улога на тест возач.
Првата трка од новата сезона се вози на 18 март во Лусаил, Катар, а покрај KTM оваа сезона ќе настапат и Ducati, Honda, Aprilia, Suzuki и Yamaha.
PURE PASSION
R2R @MotoGP ‘18#RedBullKTM #RC16 #READYTORACE #GivesYouWings #MotoGP2018🎥 @ifp_media pic.twitter.com/ew8uVDvTbo
— KTM Factory Racing (@KTM_Racing) March 14, 2018