Ѕвездата на овогодинешниот саем Polestаr од вчера можете да ја нарачате за само 2500 евра. Ремек делото од гаражата на Volvo предизвика големо внимание поради одличниот дизајн и одличните перформанси. Така Polestar 1 купе е целосно електричен хибрид со високи перформанси и располага со 600 KS и 1.000 Nm, а само со својот електричен погон има автономија од 150 км.
Ваквите перформанси, привелчниот спортско-луксузен дизајн и шведскиот квалитет придонесе за повеќе од 7000 лица да покажат интерес за купување по претставувањето што придонесе швеѓаните да отпочнат со примање на нарачки. “Многу сме охрабрени со интересот кој го предизвика овој наш производ. Сега одиме на следниот чекор и тоа испорака на автомобилот на првите купувачи” изјави извршниот директор на Polestar Томас Ингелат.
Производителот ќе прифаќа нарачки само доколку уплатите 2.500 евра, но автомобилот ќе биде целосно ваш доколку потоа ја исплатите целосната сума која се движи околу 150 илјади евра во зависност на нивото на опременост.
Сепак доколку сакате да го нарачате овој автомобил тоа нема да може да го направите бидејќи Polestar во оваа фаза не прима нарачки од Македонија и како што велат од производителот нарачките се овозможени само во Австрија, Белгија, Данска, Финска, Франција, Италија, Германија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Велика Британија, САД, Канада и Кина.
ФОТО: Polestar