Сосема очекувано серијата 6 на BMW доби пет ѕвезди на Еуро НКАП тестот. Со скор од 86% во однос на безбедноста на возачот односно возрасните, серијата 6 е важи за еден од најбезбедните автомобили во својата класа. Безбедноста на на децата изнесува 85%, на пешаците 81% додека скорот во однос на безбедносната асистенција односно безбедноста на околината изнесува 59%.
Инаку во моментов според рејтингот на Euro NCAP најбезбедни 10 автомобили се: Volvo XC60, VW Arteon, Volvo V90, Volvo S90, Subaru XV, VW T-Roc, Subaru Impreza, Jaguar F-Pace, Mercedes Benz X-Class и Kia Stinger.
ФОТО: Print Screen YouTube