По новиот Touareg кој ќе биде премиерно претставен во Пекинг следната недела, Volkswagen групацијата се одлучи уште еден свој модел премиерно да го претстави во Кина. Станува збор за новиот Audi Q8 кој во јуни ќе биде претставен на саемот за автомобили во Шангај. Оваа информација ја потврди директорот за Истражување и развој Питер Мертенс во рамките на годишната прес конференција на германскиот производител. Откако не беше претставен во Женева за каде и долго се најавуваше дека ќе биде претставен, сосема стана јасно дека новиот Q8 ќе дебитира на тлото на Кина. Со овој потег Audi ссака да ја одбележи 30 годишнината откако Audi започна со реализација на својата успешна стратегија на производство на автомобили во Кина.
Во однос на дизајнот на најголемиот SUV во гамата на Audi нема никакви тајни бидејќи последните неколку месеци на неколку пати беше уловен без “маска”. Така од она што може да се види може слободно да се каже дека новата Q8 е всушност СУВ верзија на новата A8. Исто како и новиот Touareg така и новиот Q8 се базира на истата MLB платформа која ја користи и Porsche Cayenne.
Во однос на понудата се очекува новиот Q8 да биде опремен со V6 и V8 бензински и дизел мотори како и plug-in хибридна верзија со 2.9 литарски V6 бензински мотор. Исто така се очекува да биде лансирана и SQ8 верзијата со 4.0 литарски V8 дизел мотор, истиот оној што се користи кај SQ7.
Цената на овој автомобил засега не е позната, но она што се знае засега е тоа дека во продажба ќе се најде во втората половина годинава и тоа дека покрај во Кина ќе се произведува и во Слвоачка поточно Братислава.
ФОТО: motor.es