More
    HomeВестиИ Mercedes-Maybach GLS дебитира во Пекинг

    И Mercedes-Maybach GLS дебитира во Пекинг

    Објавено на

    Ултра луксузниот SUV Mercedes-Maybach GLS своето деби ќе го има на саемот во Пекинг следниот месец. Најлуксузниот SUV на германскиот производител ќе биде директен конкурент на Bentley Bentayga, Range Rover SV и BMW X7 . За таа цел Mercedes воопшто не се штедеше при дизајнирањето на за сега концептниот SUV и како што пренесуваат светските медиуми ова ќе биде досега најлуксузната креација на Mercedes.

    Покрај тоа што ќе биде освежен изгледот, новиот Mercedes-Maybach GLS  се очекува да има поголемо оскино растојание. Во основата на овој SUV се наоѓа MHA платформата која во моментов ја користат GLE и GLE купе, а под хаубата се очекува да бидат вградени најмоќните AMG мотори. Најмоќната изведба на Mercedes-Maybach GLS  ќе располага со 612 КС и 850 Nm, а ќе ја носи ознаката GLS63S.

    Во Пекинг пристигнува концепт возилото, но сериската изведба ќе биде претставена  на саемот за автомобили во Лос Анџелес во ноември годината, а официјалната продажба ќе започне на почетокот на 2019 со тоа што за нарачки ќе биде достапен од крајот на оваа година. Засега не е позната цената, но сигурно дека ќе биде со шест цифри.

    Инаку саемот во Пекинг започнува на 25 април и ќе трае се до 4 мај. Овој саем важи за еден од најпосетените и најпопуларните во Азија, а се очекуваат бројни светски премиери. Всушност од година во година се повеќе и повеќе автопроизводители се одлучуваат своите последни креации да ги претставуваат на тлото на Кина пред се поради тоа што пазарот за автомобили во Кина од година во година бележи се поголем и поголем раст.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ