Шест загинати и петнаесетина повредени е последниот биланс по вчерашната несреќа што се случи во Мајами, а беше предизвикана од уривање на пешачки мост. Последното видео што се појави на YouTube го снимил возач кој за влакно избегнал сигурна смрт. Инаку мостот бил долг 53 метри и тежел 950 тони, а за неговата изградба биле потрошени 14.2 милиони евра. Гувернерот на Флорида, Рик Скот изјави дека истрагата за несреќата е веќе започната и очекува во најбрзо време да бидат познати причините за уривањето на мостот и секако одговорноста за истото.