AutoKlub.mk со безрезервна подршка на овогодинешниот “Часот на планетата Земја”. Настанот кој добива на се поголема популарност и значење и во Македонија има за цел да го потенцира значењето на нашата клима и биодиверзитет и истовремено да придонесе за зголемување на свеста кај граѓаните за заштита на истото.
Стартувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, Часот на планетата Земја прерасна во најголемата светска еколошка акција која инспирира и обединува поединци, заедници, бизниси и организации во повеќе од 180 земји и територии ширум светот да преземат заедничка акција за домот кој сите го делиме!
Оваа година “Часот на планетата Земја” ќе се одбележи на 24 март кога во 20:30 со традиционалното исклучување на светилките. Во Македонија оваа година рекорден број од 80 локации ќе потонат во мрак низ цела Македонија, меѓу кои и градовите Скопје, Охрид, Крушево, Битола, Ресен, Демир Хисар, Берово, Крива Паланка, Велес и други градови.
ВКЛУЧИ СЕ ВО АКЦИЈА И ИСКЛУЧИ ГИ СВЕТИЛКИТЕ НА 24 МАРТ ВО 20:30 ЧАСОТ!