Nissan ги здружува силите со Mercedes за изработка на новиот 370Z. По примерот на Toyota која новата Supra ја разви во соработка со BMW, и овој јапонски производител се реши да соработува со германски производител за развојот на новата 370Z.
Во моментов нема многу информации околу овој нов модел, но она што се шпекулира е дека 370Z во продажба ќе се појави следната година, а конечниот изглед би требало да биде познат кон крајот на тековната година. Основниот модел би располагал со 4 цилиндарски 2,0 литарски мотор, во целост произведен од страна на Mercedes додека најмоќната изведба би располагала со 3,0 V6 twin-turbo мотор кој развива 300 КС.
Инаку Nissan и Mercedes имаат долга историја на соработка. Во заедничка соработка е развиен Infinity QX30 чија платформа се користи и кај моделот GLA, а исто така платформата на Nissan Navara е темел за X класата на Mercedes.