Ако по утрото денот се познава тогаш дефинитивно не очекува доста возбудлива сезона во МотоGP шампионатото. Овој викенд започна новата 70 сезона, а во првата трка која се возеше во Катар победата ја издвојува возачот на Ducati, Андреа Довициозо. Италијанецот до победата стигна во фото финишот прет бранителот на титулата Марк Маркез од Honda кој заостана само +0.027 секунди. Голема шанса за победа имаше и легендарниот Валентино Роси кој се најде на третата позиција со заостанување од +0.797 секунди.
Не беше интересен само финишот на трката, бројни возбудувања имаше во текот на сите 22 круга. Во најголем дел од трката поточно до 17от круг водство имаше Жоан Зарко од Јамаха, но на крајот иако стартуваше од пол позицијата заврши на 8. позиција со заостанување од 7 секунди.
Следната втора трка сезонава е закажана за 8 април кога на програмата е големата награда на Аргентина.