Се чини како да постоечкиот луксуз со кој располага не е доволен па Bentley додава дополнителен. Овој британски производител со цел да ги направи своите автомобили уште полуксузни објави дека наредните модели ќе бидат збогатени со неколку луксузни елементи.
Прв луксузен новитет е вградениот сеф. Прв автомобил кој ќе го има овој новитет ќе биде новата Bentayga која ќе располага со сеф во кој сопственикот ќе може да ги складира значајните средства. Сепак сефот како сеф сам по себе и не е толку голем новитет да не е тука и т.н. fingerprint scanner со чија помош се отвора сефот. Внатрешноста на сефот е внимателно изработена така што ниту една вредна работа не може да биде оштетена.
Друга дополнителна опција се двата USB портови кои овозможуваат поголеми можности за мултимедијско интегрирање на смарт уреди, а истите USB портови може да служат и како инпут за полнење на батеријата на мобилните и останатите уреди.
Инаку доколку планирате да поседувате автомобил со вакви опции тогаш ќе мора да издвоите околу 290 илјади евра за да го поседувате новиот Bentayga.