Во пресрет на новата сезона во Формула 1 која стартува со големата награда на Австралија претстојниот викенд, од организациониот одбор ја промовираа песната за оваа сезона. Презентацијата на новата песна е дел од маркетинг стратегијата која има за цел да го популаризира ова натпреварување и да создаде поголем имиџ. Оваа песна ја компонираше Брајан Тејлор кој е познат по компонирањето на музика за многу филмови меѓу кои и Ајрон Мен 3 и Осветници.