И официјално познат е изгледот на новата луксузна лимузина Kia K900. Корејскиот авто производител на своите профили на социјалните медиуми го обелодени изгледот на K900, а саемското деби ќе го има на претстојниот саем за автомобили во Њујорк. Со овој нов модел Kia ќе јуриша на пазарот на Северна Америка па токму и поради тоа најголемиот дел од овој автомобил е дизајниран од страна на дизајнерскиот центар на Kia во САД кој работеше на овој автомобил заедно со дизајнерскиот центар од Јужна Кореа. Елеганцијата и луксузот се составен дел како од екстериерот така и во ентериерот кој сега нема никаква допирна точка со останатите модели на Kia како што се Stonic, Optima, Stinger и останатите модели.
Основниот модел под хаубата располага со 3.3 литарски V6 twin turbo мотор, а достапни се изведби и со 3.8 литарски V6 мотор како и 5.0 литарски V8 мотор, а ддостапна е и изведба со погон на сите четири тркала како и со 10 степен автоматски менувач. Во внатрешноста е наоѓа новиот HMI интерфејс и напредната in-car технологија, а за прв пат во овој модел на Kia вграден е и т.н. интелегентен систем за контрола на осветлувањето и амбиенталното осветлување во боја. Во централниот дел се наоѓа 12.3 инчен екран на допир, а мултимедијалниот систем овозможува интегрирање на сите важи смарт уреди и лесно задавање на команди.