Иако често се потсмев на западот, сепак благодарение на последните структурни промени и имплементацијата на стратешкиот план од пред неколку години, Lada полека ги добива симпатиите на западот. Откако пред неколку месеци доби позитивни критики од неколку германски авто магазини, Lada поточно нивниот модел Vesta доби големо признание за економичност.
Оваа награда веќе неколку години наназад ја доделува автомото друштвото “Маркус” од Австрија и истата ја доделува на годишно ниво за најекономичниот автомобил во секој од сегментите. Жирито составено од бројни експерти оваа награда ја доделува на оние автомобили кои се најдобри во однос на нивната цена, трошоците за одржување, потрошувачката на гориво како и амортизацијата.
Ова е многу важна награда за рускиот автопроизводител кој минатата година беше купен од страна на Рено-Нисан Алијансата која има за цел автомобилите на Lada да ги направи најпродавани во земјите од поранешна СССР, но и во Југоисточна Европа. За таа цел оваа Алијанса има голема визија за што веќе вложија повеќе милиони евра во доопременување на фабриката, обука на вработените како и за развој.
Инаку награда на оваа манифестација доби и Kia Picanto во конкуренцијата на малолитражни градски автомобили, Renault Grand Scenic во S сегментот, Kia Stonic во класата на мали кросовери како и Peugeot 5008 во класата на големи кросовери.
ИЗВОР: Russia Beyond