Volkswagen и натаму убедливо доминира во Кина. Според последните официјални податоци поврзани со продажбата за месец февруари, германскиот производител се наоѓа на првата позиција со продадени 180.290 автомобили. Иако тоа е пад за 4.7% во однос на истиот месец минатата година, сепак Volkswagen и натаму доминира на најголемиот пазар во светот. На втората позиција се наоѓа Geely со продадени 106.231 автомобил што воедно е пораст за 19.3% во однос на февруари минатата година. На третата позиција се наоѓа Honda со продадени 78.717 автомобили. Во најпродаваните топ 10 брендови се наоѓаат уште Baojun, Changan, Buick, Toyota, Nissan, Dongfend и Havat. Од овој поредок може слободно да кажеме дека кинеските брендови доминираат на домашниот пазар.
Најмала продажба има остварено Fiat кој во минатиот месец во Кина има продадено само еден автомобил. Што се однесува до ранкингот на моделите, најпродаван модел е Wuling Hongguang со продадени 42.069 примероци. На втората позиција се наоѓа Baojun 510 со продадени 40.061 примероци додека на третата позиција со продадени 30.253 возила се наоѓа Haval H6. Најпродаван модел на најпродаваниот бренд во Кина е моделот Lavida со продадени 25.460 примероци, а потоа следи Tiguan со 21.183 примероци.
Генерално, продажбата во февруари 2018 во однос на истиот месец минатата година бележи пад за 8.4% и покрај рекордниот пораст во јануари кога беа продадени за 11% повеќе автомобили во однос на јануари 2017 година.
ФОТО: en.wikipedia.org