Претставници на Јавното Обвинителство во Минхен веќе два дена се наоѓа во седиштето на германскиот производител како дел од истражната постапка која се спроведува поради сомнение дека и BMW користел софтвер за манипулирање при тестовите за штетните емисиони гасови.
Покрај во Минхен, истражители влегле и во канцелариите на BMW во Австрија, а она за што се шпекулира е дека BMW вградило ваков тип на софтвер во 11.400 возила и тоа во BMW 750XD и BMW M55XD. Неофицијално се дознава дека токму во овие модели имало “ненамерна” грешка во софтверот за што производителот бил свесен.
Од страна на германскиот производител изјавија дека софтверот ќе им биде достапен на властите откако истото ќе биде одобрено од надлежните институции. Дали ќе бидеме сведоци на нов “Дизелгејт” во овој случај режиран од BMW останува да видиме во наредните неколку недели кога многу работи ќе бидат познати на јавноста.