Во наредните две години Mercedes ќе ја обнови целата своја гама. По новиот CLA кој дебитираше на изминатиот саем во Женева, германскиот производител ја подготвува и новата генерација од GLA. Надворешниот дизајн тој во целост ги следи линиите и филозофијата на CLA додека во внатрешноста се наоѓа новата инструментална табла која веќе е дел од CLA и AMG класата како и новиот инфотајмент систем MBUX кој овозможува бројни можности.
Како и новата CLA така и новата GLA се темели на MFA2 платформата. При тоа купувачите ќе може да избираат помеѓу трите достапни агрегати и тоа два бензински и еден дизелски. Најосновниот модел ќе биде понуден со 1.33 литарски бензински мотор со 163 КС и 250 Nm, а во понудата ќе биде вклучен и 2.0 литарски бензински мотор со 224 КС како и 1.5 литарски дизел агрегат со 116 КС и 260 Nm.
Во продажба според неофицијалните информации новата генерација на GLA се очекува да се појави на најдоцна на почетокот на 2019 година, а се шпекулира дека цената нема да се разликува од моменталната цена на постоечката генерација на GLA.
ФОТО: Autobild.de