Автомобил без возач со кое оперира компанијата Uber во американската држава Аризона усмрти пешак. Несреќата се случила во неделата вечер, а полицијата ниту од компанијата Uber не откриваат повеќе детали. И додека Uber изразува сочуство до фамилијата на жртвата, на интернет се појави видео од моментот кога пешакот беше удрен како и реакција на патникот.
Инаку ова е прва несреќа од ваков тип, а претходно возилата на Uber како и останатите тест возила без возачи беа вклучени во помали сообраќајни несреќи. Како и да е оваа несреќа придонесе надлежните во Питсбург, Сан Франциско и Торонто го забранат тестирањето на Uber и нивните возила без возач.