Италијанската полиција во Рим и Милан добива супер моќен автомобил. Станува збор за Alfa Romeo Giulia која е опремена со нов 2.9 BiTurbo бензински мотор со 510 КС. Благодарение на овој моќен мотор максималата брзина која може да се постигне е 307 km/h што ја прави оваа изведба најмоќната Giulia досега. До 100ка забрзува само за 3.9 секунди.
Популарните Карабинери традиционално ги добиваат најмоќните изведби на Alfa Romeo, а најголем дел од истите се директна донација од италијанскиот производител.