Традиционално Volvo веќе неколку децении при дизајнот на своите автомобили најголемо внимание посветува на нивната безбедност. Тоа придонесе да Volvo го носи епитетот најбезбедни автомобили. Дека тоа е така потврдуваат и резултатите од краш тестот на Volvo XC60.
Според извештајот на Еуро НКАП, XC60 доби пет ѕвезди, а најдобар скор доби во безбедноста на возрасните и тоа 98% што го прави XC60 најбезбеден автомобил во однос на овој параметар не само во сегментот на премиум СУВ возилата туку воопшто. Само за илустрација, Porsche Cayenne, Toyota C-HR, Volvo S90, Subaru XV во однос на овој параметар имаат скор од 95%.
Во однос на безбедноста на децата овој SUV оствари скор од 87% што повторно е еден од најдобрите резултати на Еуро НКАП краш тестовите. Во однос на безбедносната асистенција Volvo XC60 оствари неверојатни 95%, а во однос на безбедноста на пешаците 76%.
Генерално земено, со овие перформанси Volvo XC60 е дефинитивно еден од најбезбедните автомобили.